<We_can_help/>

What are you looking for?

>САШО ДИМОСКИ
speaker_info

About The Speaker

САШО ДИМОСКИ

Сашо Димоски е долгогодишен искусен менаџер за шпедиција и логистика, со повеќе од 25 години искуство во врвни логистички компании и 3PL-провајдери, управител на „Гебрудер Вајс“ – Македонија, еден од клучните играчи на регионалниот логистички пазар, кој на македонскиот пазар е присутен 12 години, а глобално работи повеќе од 500 години. Димоски е дипломиран машински инженер, оддел за механизација и транспорт, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Член е на Управниот одбпр на МИФА (Македонската асоцијација на меѓународни шпедитери и логистички оператори). Професионалната кариера ја почнува во 1994 година во „Фершпед“, а од 2007 година е директор за логистика во тогашната најголема логистичка компанија во земјава. Од 2009 година тој е национален и продажен менаџер за Македонија и управител на „Гебрудер Вајс“ во земјава, кој успеа да ја изгради и издигне филијалата на компанијата од нула до еден од неизбежните локални и регионални провајдери на логистички решенија.