About The Speaker
УРОШ БОГДАНОВИЌ
Горд сопственик на возачка дозвола од Б-категорија, подготвен за тимска работа во динамични услови. Искрен вљубеник во сите бесмислени елементи на биографијата. Со повеќе од 20 години искуство во мултимедијалниот и медиумскиот бизнис, Урош е автор на многу работи што сигурно сте имале можност да ги слушнете и видите на интернет. Некои од нив се и наградени. Во радио-светот ги поминал сите позиции – од водител до програмски директор на национални радио-станици и раководител на проекти за создавање и организирање на нови радио-станици. Соработувал со најдобрите радио-станици во регионот. Со поткасти активно се занимава во последните 6 години, како тренер и консултант. Автор е на многу маркетинг-кампањи за големи компании, како што се Heineken – Србија, Stihl, Deichmann. Урош е чест предавач на медиумски конференции низ цела Европа, а темите за кои сака да зборува (и уште поважно – кои публиката сака да ги слушне) се поврзани со радио, поткаст и продажба. Најпознати светски конференции на кои тој бил говорник, се Radiodays Europe, Medientage и Tell a vision. Автор е на напредната storyselling техника за продажба – „Little green dragon“, која се применува во многу продажни тимови во големите компании и медиуми. Темата на која ќе зборува на 8 FMCG Summit Skopje е: „Storyselling – tell a powerful story“.