<We_can_help/>

What are you looking for?

>САШКА КОСТОВСКА ДЛАКА
speaker_info

About The Speaker

САШКА КОСТОВСКА ДЛАКА

Сашка Костовска-Длака е професионален финансиски фасилитатор. Им помага на клиентите да постигнат подобри резултати што го надминуваат финансискиот успех и кои се уникатно приспособени, прагматични, холистички и трајни. Нејзините области на експертиза опфаќаат: пристап до финансии, pre-seed финансирање, финансиско и стратешко планирање, корпоративни/индивидуаллни кредити, управување со продажбата, управување со клучните клиенти, up-to-date познавање на пазарот, раководење со средства, генерирање пораст на приходите, платни системи, развој на лидерството, извештаи и анализи, управување со операциите, интеграција на технологијата, (не)животно осигурување. Од 2018 година Костовска-Длака е финансиски фасилитатор на неколку проекти на УСАИД, додека истовремено е и извршен директор на „Инпут“, фирма што ја основа во 2017 година. Од 2017 година таа е и осигурителен брокер за (не)животно осигурување и инвестициски советник во ВФП АД Скопје. Нејзината претходна професионална кариера вклучува неколку директорски позиции во „ИК банка“ и во „Халк банка“, а била и советник на генералниот директор во клириншката куќа КИБС АД Скопје. Била член на Управен одбор на истата клириншка куќа (од 2007 до 2013 година) и член на Управен одбор во АБИТ (од 2015 до 2017 година).