About The Speaker
ПЕРИЦА ВИЧИШКИ
Перица Вичишки е генерален директор на „Атлантик трејд“, компанија која цели три децении бележи успешни резултати на домашната трговска сцена. Со трговија почнал да се занимава во 1990/1991 година, кога ја основал фирмата за трговија со козметика „Вичишки комерц“, првично со двајца вработени – тој и сопругата. Претходно, 10 години работел во државна фирма, како раководител на машински објекти низ цела поранешна Југославија. Значајна пресвртница во работењето е 2002 година, кога „Вичишки комерц“ ја почна соработката со „Нева“, а со развојот до денес „Атлантик трејд“ има над 200 вработени, плус 50 во „Атлантик Гранд“ и 10 силни бренда (меѓу кои Argeta, Cedevita, Stark, Cockta, Ferrero, Hipp, Nivea...). За тоа како се работи во услови на криза и инфлација, Вичишки ќе сподели на дискусијата во рамки на 8 FMCG Summit.