<We_can_help/>

What are you looking for?

>ЕМИР ЖУНИЌ
speaker_info

About The Speaker

ЕМИР ЖУНИЌ

Емир Жуниќ, менаџер на одделот за AI/ML во босанскохерцеговската ИТ-компанија „Инфо студио“, е доктор на технички науки со десетгодишно искуство во областа на информатичката технологија, софтверското инженерство и оптимизација на деловните процеси. Во последните неколку години, тој е фокусиран на примена на вештачка интелигенција и машинско учење во индустријата. Освен менаџерската функција во „Инфо студио“, тој е и професор на Политехничкиот факултет на Универзитетот во Зеница. Како тим-лидер или продукт-менаџер, учествува во имплементација на повеќе од 100 различни комплексни системи, проекти, решенија и апликации од областа на ИТ. Покрај тоа, Емир бил говорник на повеќе од 20 Oracle конгреси и конференции низ светот, а особено е горд на фактот што бил говорник на еден од најголемите ИТ-собири во светот, WeAreDevelopers World Congress во Берлин во 2019 година. На 8 FMCG Summit Skopje тој ќе ги презентира работата и придобивките што се реализираат со примена на софтверски решенија smartWMS, smartTMS и Sales Forecasting, под заеднички назив smartSCM – збир на иновативни технологии за интелигентно управување со синџирот на снабдување. Решенијата се модуларни, се приспособуваат на специфични деловни процеси и содржат алгоритми за вештачка интелигенција што им помагаат на корисниците да донесат побрзи и оптимални одлуки.