About The Speaker
БОЈАН РАДУН
Бојан Радун, главен извршен директор на компанијата „Имлек“, ја почна кариерата во 2001 година, кога ѝ се придружи на семејната компанија за пијалаци „Нектар“, како маркетинг-менаџер. Во „Нектар“ тој извршува повеќе функции во секторите маркетинг и продажба, во периодот до 2007 година, кога станува извршен директор за операции, а во 2009 година доаѓа на позицијата главен извршен директор. Во тој период компанијата „Нектар“ бележи огромен подем на домашниот и на регионалните пазари, а во 2011 година го купува словенечки „Фруктал“ за 50 милиони евра. Од мај 2011 Радун е CEO на компанијата-мајка „Радун груп“, а од април 2015 година генерален директор на „Бамби“, позиција на која е речиси три година. Од јануари 2018 година тој е главен извршен директор млечната индустрија „Имлек“. Радун е дипломиран економист на Универзитетот во Белград, а има и диплома од Бизнис-школата ИМД за менаџирање со семејни бизниси. Зборува англиски и руски јазик. Активен е во неколку значајни деловни и економски организации – Српската асоцијација на менаџери, Самит 100 и на Деловниот совет на Владата на Србија. Консултант е во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).