<We_can_help/>

What are you looking for?

>БОРЧЕ ТРЕНОВСКИ
speaker_info

About The Speaker

БОРЧЕ ТРЕНОВСКИ

Борче Треновски е професор на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на 4 книги од областа на економијата и економската политика, објавил повеќе од 130 публикации (индексирани научни трудови, трудови за политики, истражувачки монографии итн.). Како експерт/аналитичар/истражувач учествува во реализација на повеќе од 90 истражувачки/апликативни проекти во земјата и регионот, поддржани од различни организации – УСАИД, ЕУ, ОСИ, МОТ, УНДП, ЕБОР, Светската банка, СДС, Хелветас итн. Како предавач и обучувач проф. Треновски реализирал повеќе од 60 обуки за кои има развиено специјализирани модули и успеал да стекне големо искуство во соработката со различни институции и засегнати страни. Како резултат на својата работа и искуство, тој е член на многубројни стручни тела/здруженија/реформски и советодавни работни групи/тела во земјава и регионот. Од 2021 година тој е член на Советот на Народна банка на Република Северна Македонија. Проф. Треновски е добитник на повеќе награди и признанија како најдобар истражувач и угледен економист – од Светска банка, Асоцијација на менаџери на Македонија, Народна банка на Република Северна Македонија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје итн.