<We_can_help/>

What are you looking for?

>ДЕЈАН МИТКОВСКИ
speaker_info

About The Speaker

ДЕЈАН МИТКОВСКИ

Дејан Митковски има повеќе од 22 години професионално искуство во FMCG-секторот, работејќи за некои од најголемите мултинационални и регионални компании во земјава на различни менаџерски позиции во одделот за продажба. Тој има големо познавање за различни категории на храна и пијалаци, различни канали на продажба на пазарот, како и за логистика. Има воспоставено долгорочни професионални врски со сите релевантни чинители на пазарот. Митковски е дипломиран економист по бизнис-менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а поседува и диплома од „Сити колеџ“ во Солун, придружна институција на Универзитетот „Шефилд“, односно е магистер по логистички менаџмент. Од минатата година Митковски е менаџер за продажба и бизнис-развој во „Ликом“, а неговото професионално портфолио е богато со работни искуства стекнати на повеќе раководни позиции во секторот продажба во „Пивара Скопје“, „Суташ“ (менаџер за продажба), „Атлантик трејд“ (хорека-директор), „Виндија интернационал“ (регионален менаџер за продажба) и „Жито лукс“ (директор за продажба).